Лионел Меси во вторникот ги извети челниците на Барселона дека сака да го раскине договорот. Речиси во иститот момент започнаа шпекулациите каде би можел да ја продолжи кариерата 33 годишниот Аргентинец. Медиумите најголеми шанси им даваат на Манчестер сити, ПСЖ и Интер.
ЕСПН тврди дека најскапиот светски фудбалер Нејмар го убедувал Меси да се пресели во ПСЖ. Според овој извор Нејмар телефонски разговарал со својот поранешен соиграч и му порачал дека сака повторно да играат заедно. Нејмар во 2017 година, за рекордни 222 милиони евра, ја напушти Барселона.
„Притисок“ врз Меси за да се пресели во ПСЖ вршел и неговиот добар пријател и соиграч од репрезентацијата Анхел Ди Марија. И тој вчера телефонски разговарал со Меси.
ПСЖ летово го напуштија или ќе го напуштат Единсон Кавани, Тијаго Силва, Тома Муние, и Чупо Мотинг. Заминувањето на овие играчи отвора простор за доаѓањето на Меси, меѓутоа само под услов клубот да не мора да плати обесштетување за него.
Барселона нема намера да го пушти Меси бесплатно, иако тој тврди дека може како слободен играч да го напупти клубот десет дена по завршувањето на сезоната. Барселона тврди дека сезоната завршила на 10 јуни, додека според Меси сезоната завршила десет дена по елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите.