Подготовките на Бразил за Светското првенство во Русија поминуваат на најдобар начин, откако „Селесао“ во пријателскиот меч на „Енфилд“ во Ливерпул со 2:0 ја совладаа репрезентацијата на Хрватска.
Нејмар го играше само второто полувреме, но успеа да им донесе на Бразилците водство од 1:0 во 69. минута по асистенција на Кутињо направи одличен продор во шестнаесетникот на Хрватите, поминувајќи го Шиме Врсаљко за да постигне убав гол.
Роберто Фирмино, нормално, се чувствува одлично во Ливерпул, постигнувајќи го вториот гол за обезбедување на победата во 91. минута од мечот.
Хрватска против „Селесао“ имаше улога да ја „глуми“ Србија со која Бразил е во групата во Русија, заедно со Костарика и Швајцарија.
Фото: ЕПА