Top Sport

Нејмар имал желба соиграч да му биде Роналдо

Бразилецот Нејмар, неодамна го продолжи договорот со ПСЖ. Во Париз, тој ќе остане до јуни 2025 година. Нејмар, во Париз, пристигна во 2017 година од Барселона, каде соиграчи му беа Лионел Меси, Андрес Иниеста и Луис Суарез. Во ПСЖ партнер во нападот му е Килијан Мбапе, а во блиска иднина тој би сакал соиграч да му стана Кристијано Роналдо.

„Бо сакал да играм со Кристијано. Сум бил соиграч со меси, играм со Мбапе, но никогаш не сум имал можност да бидам соиграч со Роналдо“, рекол Нејмар.

Можеби желбата ќе му се оставри наредната сезона. Мбапе веројатно ќе го напушти ПСЖ, а Роналдо, според најавите, си оди од Јувентус.

Дали желбата на Нејмар е само најава за спектакуларен трансфер на Кристијано Роналдо во Париз?

Scroll to Top