Top Sport

Нејмар кажа НЕ! Останува во ПСЖ

Планот на Пари Сен-Жермен да се ослободи од дел од фудбалерите во текот на летниот преоден рок наиде на првиот проблем, откако Нејмар отфрлил било каква можност да си замине од „Паркот на принцовите“ и планира да продолжи да си ја заработува годишната плата од 50 милиони евра по сезона.

dobivaj vesti na viber

По потврдата дека Килијан Мбапе го продолжи договорот до 2025 година и протестите кои дојдоа од шпанската Ла лига, ПСЖ е под „лупа“ на УЕФА околу економската ситуација во клубот, со шпекулации во француските медиуми дека клубот е во загуба фантастични 224 милиони евра.

По заминувањето на Леонардо и пристигнувањето на Луис Кампос на позицијата спортски директор на клубот, веднаш се појавија шпекулации дека ПСЖ ќе се обиде да ја намали сумата која ја дава на плати токму преку Нејмар, инаку најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Според „Л’Екип“, атмосферата во соблекувалната на ПСЖ ќе биде многу поинаква следната сезона по шпекулациите дека Мбапе добил огромна слобода и голема контрола на тоа кој ќе биде продаден во францускиот клуб, може да донесе само конфликти помеѓу ѕвездите во тимот.

Scroll to Top