Top Sport

Нејмар ќе биде ставен на трансфер листата – ПСЖ ја одредиле цената за Бразилецот

Неуспехот во Лигата на шампионите ги натера челниците на ПСЖ да направат целосна реконструкција на тимот во летниот преоден рок.

Според француските медиуми Ди Марија, Курзава, Паредес, Керер и Дракслер сигурно ќе го напуштат тимот, додека субината на Килијан Мбапе се уште е неизвесна. По завршувањето на сезоната младиот напаѓач ќе објави дали ќе остане во клубот или ќе се пресели во Реал Мадрид.

Бројни медиуми тврдат дека Лионел Меси ќе остане во клубот најмалку уште една сезона, додека на трансфер листата ќе биде ставен Нејмар.

ПСЖ, во 2017 година за рекордна сума од 222.000.000 евра го купи Нејмар од Барселона. Бразиелцот не го оправда вложеното, за пет сезони одигра само 141 натпревар. Најчесто не играше во клучниот дел од сезоната, во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

„АС“ и „Скај спорт“, тврдат дека ПСЖ ја одредиле цената за Нејмар. Клубот ќе ги разгледа понудите кои нема да бидат помали од 90.000.000 евра.

Од друга страна Нејмар тврди дека е среќен во Париз и дека нема намера да го напушти клубот. Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ истекува за три години.

Scroll to Top