Top Sport

Нејмар ќе гостува во шпанската хит-серија „La casa de papel“! (видео)

Бразилската мега-ѕвезда Нејмар ќе има повеќе настапи во шпанската хит-серија „La casa de papel“ отколку во својот клуб Пари Сен-Жермен! Бразилецот, за кого се верува дека е пред заминување од францускиот шампион ќе биде дел од две епизоди на шпанската серија на „Нетфликс“ околу една криминална банда.

Тој ќе биде гостин во шестата и осмата епизода од новата, четврта сезона, и се пофали на Твитер облечен во препознатливата црвена опрема и маската на Салвадор Мали.

„Успеав да го остварам мојот сон и да бидам дел од мојата омилена серија. Сега можам да го споделам Жоао со вас“, напиша 27-годишниот Нејмар на Твитер.

Серијата претходно ги исфрли снимките со фудбалерот откако тој беше обвинет за силување во својот роден Бразил, но сега тие снимки се вратени.

Scroll to Top