Бразилецот Нејмар ќе паузира четири недели поради повредата на скочниот зглоб. Најскапиот фудбалер во светот се повреди во текот на натпреварот помеѓу Бразил и Катар.
Нејмар се вратил во Франција, за рехабилитацијата ќе се грижи лекарскиот тим на Пари Сен Жермен. Лекарскиот тим предводен од Жерар Салон објави дека Нејмар ги повредил лигаментите на скочниот зглоб.
Во соопштението се наведува дека Бразилецот ќе отсуствува четири недели и дека нема потреба од операција.
Нејмар нема да настапи на Копа Америка чии домаќин од 14 јуни ќе биде Бразил.
Најскапиот играч во светот пропушти голем дел од сезоната поради фрактурата на метатарзалната коска во стапалото.