Top Sport

Нејмар направи глупост, Мбапе го спаси ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен многу потешко од очекувањата стигна до триумф од 2:1 против Стразбур на домашен терен. Килијан Мбапе од пенал во петтата минута од судиското продолжение донесе победа, откако и сам ја изнуди најстрогата казна.

Францускиот ас го спаси тимот на „светците“ откако Нејмар направи глупост, за две минути доби два жолти картони и беше исклучен во 63.минута.

Маркињос го доведе ПСЖ во водство, а потоа си постигна и автогол на почетокот на вториот дел.

Лион славеше против Брест на гости со 2:4.

Scroll to Top