Top Sport

Нејмар нема да игра против „црвените ѓаволи“

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, нема да може да му помогне на својот тим во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите против Манчетсер Јунајтед, пренесува радио Монте Карло.

Бразилецот, минатата недела против Старзбур го повреди стапалото на десната нога. Според истиот извормНејмар воопшто не можел да застане на таа нога.

ПСЖ на 12.февруари ќе гостуваат кај Манчестер Јунајтед, а реваншот во Париз ќе се одигра на 6.март.

Нејмар оваа сезона на шест натпревари во Лигата на шампионите има постигнато пет гола.

Scroll to Top