Најдобриот бразилски Нејмар нема навреме да се опорави од повредата на зглобот за да може да настапи во осминафиналето на Светското првенствo. Офанзивецот се повреди на мечот со Србија, поради што го пропушти натпреварот со Швајцарија.
Нејмар нема да игра и утре против Камерун, но овој натпревар и не е многу значаен за Бразил, со оглед дека селекцијата веќе обезбеди пласман во осминафиналето, па селекторот Тоте планира да им даде шанса на фудбалерите кои досега имаа мала или воопшто немаа минутажа на Мундијалот.
Според бразилскиот „ТНТ Спортс“, Данило, кој заработи слична повреда на Нејмар на мечот со Србија, има шанса да се врати за осминафиналето, додека Нејмар и Алекс Сандро се уште не се доволно опоравени и продолжуваат да се лекуваат.
Бразил ќе го игра осминафиналниот натпревар в понеделник, на 5 декември.
EXCLUSIVO: Danilo pode voltar já nas oitavas, mas Neymar e Alex Sandro seguem tratando a lesão. Voltem logo, craques! 🇧🇷 #TNTSportsNoQatar pic.twitter.com/Ap85yB3eqq
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) November 30, 2022