Top Sport

Нејмар од пенал го урна бункерот на Јапонија

Бразил триумфално ја заврши азиската турнеја – по победата против Јужна Кореја (5:1), петкратниот светски шампион со минимален резултат ја совлада Јапонија.

Натпреварот на Олимпискиот стадион во Токио го реши Нејмар, со гол од пенал во 77. минута од натпреварот. На тој начин фудбалерот на ПСЖ се израмни со уште една бразилска фудбалска легенда Роналдо по бројот на голови во кариерата – двајцата постигнаа по 415 гола.

Бразилците беа опасни од почетокот на мечот, Пакета ја погоди стативата во втората минута.

Во средината на првото полувреме одлична шанса имаше и Рафиња, но неговиот удар го запре голманот на Јапонија Гонда.

Пред да замине на одмор шанса од слободен удар имаше и Нејмар, а во продолжение Бразил тргна во офанзива кон противничкиот гол.

Шансите се редеа, но Јапнците секогаш беа на топката, во клучните моменти ги блокираа обидите на Бразилците.

Бразил ја забележа петтата последователна победа, четврта без примен гол и ја продолжи серијата без пораз на 13 натпревари.

Следниот натпревар Бразил ќе го игра на крајот на септември против најголемиот ривал на Аргентина. Станува збор за дуелот од квалификациите за СП 2022, кој не се одигра. ФИФА им наложи на двете репрезентации дека мора да го одиграат натпреварот.

Бразил на Светското првенство ќе игра во групата Г со Србија (24. ноември), Швајцарија (28. ноември) и Камерун (2. декември).

Scroll to Top