Top Sport

Роналдо го почна велосипедскиот аџилак: Ќе страдам!

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо, заедно со сопругата Селија, го почна велосипедскиот аџилак од домашниот стадион на Реал Валјадолид до Сантијаго де Компостела, признавајќи дека ќе страда во следните четири дена.

Роналдо е мнозински сопственик во Реал Валјадолид, откако го купи клубот за 25 милиони фунти во септември 2018 година, и откако тие успеаја да се вратат во Ла лига оваа сезона, тој реши да го исполни ветувањето од почетокот на сезоната.

Се очекува дека Ронало и неговата сопруга ќе патуваат околу 84 километри дневно до христијанското светилиште кои го посетуваат илјадници луѓе секоја година.

„Ќе биде прекрасно. Знам дека ќе страдам физички, но за мене ќе биде незаборавно искуство“, изјави Роналдо.

Scroll to Top