Top Sport

Нејмар од ПСЖ се враќа во Барселона?

Бразилецот Нејмар би можел да се врати во Барселона, од каде во 2017 година замина во Пари Сен Жермен. Ова го навестува шпанскиот инсајдер Жерар Ромеро кој секогаш е добро информиран за случувањата во каталонскиот клуб.

„Се случува. Приказната за Нејмар е вистинска. Кажете им на пријателите бидејќи ќе биде лудо. Нешто се случи денес и многу е жешко. Нејмар не беше понуден од ПСЖ во пакетот за Дембеле, туку се случува нешто сосема друго”, изјави Ромеро, кој е еден од најверодостојните инсајдери на Барселона.

Нејмар не е во главните планови на ПСЖ кој би сакал да го продаде. ПСЖ го сака Осман Дембеле од Барселона, но Каталонците засега го отфрлаат трансферот.

Нејмар пристигна во ПСЖ од Барселона за 222 милиони евра во 2017 година. Тој трансфер и понатаму е најголемиот во историјата на светскиот клупски фудбал.

Scroll to Top