Top Sport

Артета: Размислував да заминам од Арсенал на крајот на минатата сезона

Арсенал го победи Манчестер Сити и го освои „Комјунити Шилд“ по подобро изведување пенали. Регуларниот дел заврши со резултат 1:1, откако Леандро Тросар израмни во 101. минута од судиското надополнување. Претходно, Кол Палмер погоди за водство на Манчестер Сити во 77. минута.

Микел Артета забележа победа против својот поранешен ментор Пеп Гвардиола, а по натпреварот откри дека размислувал да замине од „Емирати“ по загубената титула минатата сезона.

„Првите неколку недели откако Сити стана шампион беа многу тешки. Првото нешто што треба да направите е да се погледнете во огледало и да сфатите – дали има нешто што требаше да направите подобро или поинаку? Ако е така, научете од тоа. Проценете сами. Дали сте сè уште вистинската личност да го водите клубот, тимот, напред на начинот на кој сакате и дали ја имате таа енергија и таа верба дека сакате да го направите тоа? Беше потребно многу размислување, но одговорот е да и чувствувам многу енергија и позитивност“, изјави Артета.

Арсенал имаше осум бода повеќе од Сити на почетокот на април, но на крајот сепак „граѓаните“ стигнаа до титулата.

Scroll to Top