Top Sport

Нејмар: Ова е најлошиот момент во мојот живот

Нејмар доживеа тешка повреда во Монтевидео, во финишот на првиот дел од натпреварот против Уругвај. Нејмар на носилки беше изнесен од теренот.

Репрезентативецот на Бразил ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото и менсикусот. Не само што ја заврши сезоната туку тој ќе го пропушти шампионатот на Јужна Америка.

Од 2010 година, откако е репрезентативец на Бразил, го освои само Купот на конфедерации во 2013 година, а пред две години неговиот тим го загуби финалето на Копа Америка од Аргентина.

Од неодамна е и играч на Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија му плати на Пари Сен Жермен 100 милиони евра, а на Нејмар му даде плата од 160 милиони евра. Тој има договор со клубот до 2025 година.

Тешката повреда и новата пауза ја коментираше на социјалните мрежи.

„Ова е тажен момент, најлош во мојот живот. Знам дека сум силен, но овој пат ќе ми треба се поголема поддршка од пријателите и семејството. Имам верба во Бога и оставам се во негови раце. Благодарам за поддршката“, напиша тој.

Scroll to Top