Засега, Светското првенство не оди според плановите на Нејмар и бразилската фудбалска репрезентација. По тешкото 1:1 реми со Швајцарија во кое Нејмар беше фаулиран дури 10 пати, тој го пропушти понеделничкиот тренинг на „селесао“, за во вторникот да издржи само 15 минути со проблеми со скочниот зглоб.
Иако ова дефинитивно не значи ништо, бидејќи уште трае опоравувањето од тешкиот дуел со Швајцарија, фановите се загрижени.
Ѕвездата на Пари Сен-Жермен во Русија исто така предизвика внимание со својата невообичаена „шпагети“ фризура, која беше предмет на потсмев во неговата татковина и на целиот Интернет, но, во вторникот повторно изненади со нова посета. Очигледно критиките го натерале да го посети фризерот. Останува да се види дали на вториот меч, против Костарика в петок (14.00) ќе има сосема трета фризура.
Фото: ЕПА