Top Sport

Нејмар по хорор-повредата вети: Ќе се вратам посилен

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вети дека ќе се врати посилен откако заработи хорор-повреда на скочниот зглоб на денешниот меч против Сент-Етјен.

Бразилецот падна на теренот како покосен по стартот во финишот на второто полувреме, по што на носилки беше изнесен од теренот, по што на Инстаграм вети дека ќе се врати „посилен и подобар“.

„За жал, вакви моменти се дел од спортскиот живот. Сега треба да ја кренеш главата и да тргнеш напред. Ќе се вратам посилен и подобар“, напиша Нејмар на Инстаграм.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино вели дека утре ќе се дознае колку ќе паузира Нејмар.

„Во моментов немам што да кажам. Тој почувствува остра болка од превртувањето на зглобот. Утре ќе оди на прегледи и ќе знаеме малку повеќе“, изјави Почетино.

Scroll to Top