Top Sport

Сити на снегот го доби Вест хем, продолжува лошата серија на Евертон

Манчестер сити со 2:1 го совлада Вест хем во снежен натпревар (посебно во првото полувреме), за да се врати на второто место во Премиерлигата и да го заддржи темпото со лидерот Челси, пред нивниот меч со Манчестер јунајтед ова попладне. Брентфорд, пак со 1:0 го совлада Евертон да ја продолжи мизерната серија на „карамелите“ со пет порази во последните шест меча, додека Лестер со 4:2 ги совлада упорните Вотфорд.

Капитенот Илкај Гундоган го постигна првиот гол во 33. минута од мечот, откако претходно голот на Ријад Марез беше поништен поради офсајд во многу тешки услови за игра на „Етихад“, по што Фернадињо во 90. минута зголеми на 2:0, пред Мануел Ланзини во 95. минута да постигне прекрасен гол за Вест хем. Сити сега се втори на табелата со 29 поени, колку што има Челси пред нив, додека Ливерпул е трет со 28. Вест хем остануваат четврти со 23 поени.

Ајван Тони со својот гол од пенал во 13. минута од мечот донесе 1:0 победа на Брентфорд над Евертон на Рафа Бенитез за да се зголеми притисокот на шпанскиот стручњак – Евертон сега се само 14. на табелата. Џејми Варди пак, постигна два гола при 4:2 победата на Лестер над Вотфорд, со која „лисиците“ се искачуваат на 9. место на табелата пред Манчестер јунајтед.

ПРЕМИЕРЛИГА, 13.КОЛО

Манчестер сити – Вест хем 2:1

Брентфорд – Евертон 1:0

Лестер – Вотфорд 4:2

Барнли – Тотенхем одложено


Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top