Top Sport

Шевченко: Од утре ќе мислам на Милан

Андриј Шевченко беше задоволен со првиот освоен поен како тренер на Џенова по 0:0 ремито на гости кај Удинезе и вели дека ќе размислува за мечот против својот стар тим, Милан од утре.

Поранешниот украински напаѓач веќе во среда ќе го пречека Милан, кој пристигнува „раздрман“ по двата порази во низа по совршениот старт на сезоната.

„Поенот против Удинезе вреди многу, бидејќи тие се солиден тим и задоволен сум од залагањето на моите играчи, кои веќе ги прифатија моите идеи за фудбалот. Знам дека сега доаѓа Милан, но прво ми треба одмор, па од утре ќе размислувам за нив. Секако, ќе има многу емоции, но сега мислам само на мојот сегашен тим“, вели Шева.

Scroll to Top