Top Sport

Нејмар повеќе не е капитен на Бразил

Најскапиот светски фудбалер Нејмар повеќе не е капитен на репрезентацијата, соопшти Фудбалскиот сојуз на Бразил (ЦБФ).

Во соопштението што им било доставено на медиумите се наведува дека репрезентацијата на Копа Америка, со капитенската лента ќе ја предводи 36 годишниот Дани Алвеш.

Како капитен Алвеш ќе дебитира на 5 јуни, кога Бразил ќе одигра пријателски меч со Катар.

ЦБФ информира дека селекторот Тите, го информирал Нејмар дека нема да биде капитен, во моментот кога играчот на ПСЖ им се приклучил на колегите од репрезентацијата.

Инаку, Нејмар, беше капитен од завршувањето на Светското првенство во Русија. Лентата му е одземена бидејќи селекторот не бил задоволен од неговото однесување во клупскиот дрес, поради што и доби суспензија на неколку натпревари во Франција и во Лигата на шампионите.

Копа Америка ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули во Бразил. Домаќинот ќе игра во А-групата заедно со Боливија, Венецуела и Перу.

Scroll to Top