Top Sport

Нејмар: Престанете да објавувате лаги

Шпанските и британските медиуми објавија дека по само три одиграни натпревари за Ал Хилал во Саудиска Арабија, Нејмар побарал од клупските челници да го отшуштат тренерот Жорге Жесус.

Наводно, нивниот однос бил неповратно нарушен по средбата со Узбек (1:1) во азиската Лига на шампиони.

На тој натпревар Нејмар доби жолт картон поради неспортско однесување, а потоа го критикуваше тренерот. Медумите тврдат дека во соблекувалната паднале тешки зборови меѓу Нејмар и тренерот Жесус и дека останатите играчи спречиле тепачка.

Нејмар се огласи на Инстаграм и ги негираше наводите за конфликтот.

„Лажете. Треба да престанете да им верувате на вакви медиуми. Со милиони следбеници, не можете да објавувате лажни вести. Со сета почит, ве молиме престанете. Ова е крајно непочитување“.

Да потсетиме, Бразилецот минатиот месец потпиша двегодишен договор со Ал Хилал, без опција за продолжување. Според информациите на Фабрицио Романо, во тој период со сите бонуси би можел да заработи 400 милиони евра.

Foto/ EPA

Scroll to Top