Top Sport

Винисиус се враќа

Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид ќе биде подготвен за натпреварот од 7. коло на Примера. Реал, во среда, ќе го пречека Лас Палмас.

Бразилецот отсуствуваше од крајот на август, кога на натпреварот против Селта Виго заработи повреда на мускулот.

Не беше во тимот за градското дерби против Атлетико, во кое „јорганџиите“ му го нанесоа првиот пораз на Реал во овогодинешното првенство.

Реал моментално се наоѓа на третото место во Примера со 15 поени, еден помалку од Џирона и Барселона.

Foto/ EPA

Scroll to Top