Top Sport

Нејмар првпат по шест години го пропушта карневалот!

Овојпат нема да има луди забави и улични паради за Нејмар, откако бразилскиот ас на Пари Сен-Жермен потврди дека првпат по шест години ќе ги пропушти карневалите во Бразил.

Со карневалот се прославуваат последните денови пред стартот на велигденските пости, а во Рио де Жанеиро се прославува со спектакуларни улични танци и претходно Нејмар не го пропушташе. Лани на пример, тој имаше повреда на стапалото, и во Рио беше во друштво со популарната бразилска пејачка Анита.

Овојпат, пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, каде што ПСЖ ќе брка 2:1 негатива, Нејмар има поважни работи.

„Со голема среќа, објавувам дека сум надвород Карневалот во 2020. Тоа е тоа. Овојпат нема да има контроверзи. Имате убав Карнавал“, објави Нејмар на официјалниот Инстаграм профил.

Scroll to Top