Бразил како најголем фаворит го почна Светското првенство, а турнирот го заврши во четвртфиналето. Хрватска го испрати дома првиот фаворит по изведувањето на пенали. Најголемата бразилска ѕвезда Нејмар вчера плачеше по натпреварот, а денес се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака:
„Психички сум уништен, ова секако е поразот кој најмногу ме боли. Бев парализиран десет минути, а потоа пукнав во солзи. Долго ќе ме боли, за жал. Се боревме до крај, горд сум на моите соиграчи поради нивната посветеност. Оваа група го заслужи тоа, ние го заслуживме тоа, Бразил го заслужи тоа, но тоа не беше Божја волја“, напиша Нејмар и додаде:
„Вредеше секоја жртва да се почувствува посветеноста на сите на теренот. Ви благодариме на сите за поддршката. За жал, не успеавме. Ќе боли долго, долго време. Ти благодарам за се, Боже мој. Ти ми даде сè и не можам да се пожалам за ништо. Само ти благодарам што се грижиш за мене. Целата чест и слава е секогаш твоја, без разлика на околностите“.