Бразил ги продолжи совршениот старт на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022, совладувајќи го Чиле со 1:0, но главна тема на муабет во бразилските медиуми беа наводните вишок килограми кои со себе ги носи првата ѕвезда на тимот, Нејмар.
По овие коментари, тој се јави на социјалните мрежи да објасни дека е во добра физичка форма, но дека едноставно добил преголем дрес.
„Не игравме најдобро, но победивме и одиме понатаму. Мојата тежина е нормална, но добив преголем дрес. Следниот пат ќе барам еден број помал“, вели Нејмар.
Следниот тест е совршен за него – лутиот ривал Аргентина, против кого ќе бараат одмазда за поразот во Копа Америка ова лето.