Суперѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар се врати во Бразил поради „итна семејна работа“, по што најверојатно ќе го пропушти мечот од Францускиот куп против Стразбур.
Според „РМЦ спорт“, Нејмар добил три слободни дена од шефовите на ПСЖ, по што треба да се појави на тренинг. 25-годишниот Бразилец беше суспендиран за мечот од Лига 1 против Лил во саботата, кој ПСЖ лесно го доби со 3:1. Според француските медиуми, тој ја добил информацијата која го натерала да се врати во Бразил додека го следел мечот од трибините.