Top Sport

Нејмар: Со дриблинзи се штитам од грубите стартови

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар, призна дека само со дриблинг може да се заштити од грубите стартови на противничките играчи, пренесуваат француските медиуми.

Нејмар истакнал дека е изненаден од тоа колку жестоко се игра во францускиот шампионат. Нејмар тврди дека е честа мета на груби фаули на противничките играчи.

„Не бев свесен колку е физички напор е потребен за да се игра во францускиот шампионат. Единствениот начин да се избегне повреда од брутални стартови е да се биде внимателен и фокусиран. Колку повеќе ме соборуваат моите ривали, толку повеќе сакам да дриблам. Само така можам да се заштитам од груби напади на противничките играчи“, изјави Нејмар.

Бразилецот оваа сезона одигра 19 натпревари за ПСЖ, постигна 15 гола и забележа 12 асистенции.

Scroll to Top