Top Sport

Супер дерби и во Лига Европа, Барселона-Манчестер јунајтед

Великаните на европскиот фудбал, Барселона и Манчестер јунајтед ќе играат во плеј-офот во Лига Европа. Јунајтед, имаа полоша гол-разлика од Реал Сосиедад и поради тоа се најдоа во оваа фаза, додека Барселона не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите.

Во плеј-офот (1/16 финале) се најдоа осум екипи кои ги освоија вторите места во своите групи и третиппласираните тимови од Лигата на шампионите.

Осумте победници на групите во Лига Европа изборија пласман во осминафиналето, тие своите противници ќе ги добијат на ждрепката на 24 февруари.

Плеј-оф двојки:

Барселона-Манчестер јунајтед
Јувентус-Нант
Спортинг Лисабон-Митјиланд
Шахтјор-Рен
Ајакс-Унион Берлин
Баер Леверкузен-Монако
Севилја-ПСВ Ајндховен
Салцбург-Рома

Првите натпревари на програмата се на 16.февруари наредната година, реваншите се седум дена подоцна.

Финалето ќе се одигра на 31. мај 2023 година во Будимпешта.

Scroll to Top