Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар објави сопствена серија на суперхеројски стрип, каде што главниот лик, инспириран од Нејмар, добива специјални моќи со своите тетоважи, а главната цел е да се спаси неговата сестра.
Стрипот ќе биде објавен дигитално на четири јазици: португалски, шпански, француски и англиски, а ќе го носи името „Инкд“. Приказната се одвива во Бразил, каде што Жуниор (младо момче кое наликува на Нејмар), користи магично мастило за тетоважи за да ја спаси киднапираната сестра.
„Како и многу деца, имав два сона кога растев – да бидам фудбалер и да бидам суперхерој. Бев благословен што играм фудбал на највисоко ниво, а сега имам шанса да донесам нешто моќно преку стриповите и графичките новели на фановите низ целиот свет. Како дете кое читаше стрипови додека растеше, се надевам дека и овој стрип ќе биде инспирација за некого“, вели 26-годишниот Нејмар.