Пари Сен-Жермен вчера ја освои својата рекордна 10. француска титула, но тоа наместо да предизвика славје меѓу навивачите на францускиот клуб, донесе свирежи на „Паркот на принцовите“.
За тоа се пожали и Марко Верати, Италијанецот кој освои осум титули со францускиот клуб, велејќи дека не го сфаќа однесувањето, но бразилската ѕвезда Нејмар беше побрутален во одговорот кон незадоволните фанови.
„Беше надреално да се гледа како дел од публиката си оди пред крајот на мечот и не ја слави титулата со нас. Ќе се уморат од свиркање, бидејќи имам уште три години од договорот. Езоната беше долга и тешка, но ја освоивме титулата и тоа е најважно. Сега треба да дишеме, да го смириме умот и да мислиме на следната година“, изјави Нејмар за „ЕСПН“.