Top Sport

Нејмар вмешан во сериозен инцидент во Рио де Жанеиро

Шпанските медиуми пишуваат дека славниот бразилски фудбалер Нејмар бил вмешан во тежок инцидент во својата татковина. „Мундо Депортиво“ пренесува дека фудбалерот на Пари Сен Жермен бил вмешан во тепачка во ноќен клуб во Рио де Жанеиро.

Според изворот, инцидентот се случил во текот на викендот. Нејмар му викал на еден непознат маж, а потоа сакал и физички да се пресмета со него.

Обезбедувањето интервенирало и спречило поголем инцидент. Со бразилскиот фудбалер во ноќниот клуб била и неговата девојка Бруна Бјанкарди.

Не е објавено што ја предизвикало тепачката.

Нејмар е играч на Пари Сен Жермен од 2017 година. Тој има договор со францускиот шампион до летото 2025 година, но повторно се споменува можноста за негово враќање во Барселона.

31. годишниот Бразилец минатата сезона одигра 29 натпревари за парижаните во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и додаде 17 асистенции.

Scroll to Top