Нејмар покажа дека е во најдобра форма пред стартот на Мундијалот, откако во отсуство на повредениот Лионел Меси, ги предводеше ПСЖ до тешка 1:2 победа на гости кај Лориен за заддржување на победничкото темпо на тимот на Кристоф Галтие.
Нејмар прво во деветтата минута од мечот по грешката на одбраната на домаќините, се поигра со нив пред да ги донесе во водство „светците“. Меѓутоа, Лориен, кои имаа фантастичен старт на сезоната пред падот на формата во последните неколку кола, се вратија во игра во 53. минута, кога Терамас Мофи успеа да го совлада Џиџио Донарума.
Сепак, Нејмар ги обезбеди трите поени со асистенција до Данило Переира во 81. минута од мечот. Бразилецот сега има 15 гола и 12 асистенции во 19 меча на Пари Сен-Жермен оваа сезона.
NEYMAR. IS. FOOTBALL. pic.twitter.com/uF8EDaAKEF
— 🦅 (@Ani7ii) November 6, 2022