Нејмар тврди дека немал намера да го „провоцира“ Џошуа Кимих по вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен, но дека „судбината“ така сакала, откако дел од фановите сметаа дека прославата беше потценувачка.
ПСЖ загуби со 0:1 дома, но влезе во полуфиналето на ЛШ по 3:2 победата во Минхен, а во интересниот момент по крајот на мечот, Нејмар и Лео Паредес славеа пред Кимих во негов стил.
„Прославата не беше обид да се провоцира Кимих, но го видов Лео и сакав да прославам со него. Судбината сакаше да го направиме тоа пред Кимих, кој претходно изјави дека неговиот тим е најдобар и дека сигурно се во полуфинале. Но, можете да ја имате топка цела вечер. Можеш да флертуваш со девојката цела вечер, а потоа некој друг да ја однесе дома по пет минути“, објасни Нејмар за „Л’Екип“.
Neymar and Parades really did Kimmich’s signature celebration in front of him ?pic.twitter.com/ABMbeb4T2S
— Tinka ? (@UtdCode) April 13, 2021
ICI C’EST PARIS MON AMI @LParedss pic.twitter.com/aBIVnFtM7d
— Neymar Jr (@neymarjr) April 13, 2021