Поранешниот холандски репрезентативен голман Јаспер Силесен (33) се врати дома. Тој потпиша договор со НЕК од Најмеген.
“Многу сум среќен. Во последните 10 години имав различни авантури и враќањето дома на 33 години е шлаг на тортата за мене. Но, сè уште не сум готов. НЕК прави одличен проект и сакам да бидам дел од тоа“, рече Силесен.
Јаспер Силесен имаше неколку брилијантни сезони во Ајакс, го привлече вниманието на Барселона и во 2016 година се пресели на „Ноу Камп“.Сепак покрај Марк-Андре тер Штеген не успеа да се избори за место во стратната постава на Барселона.
Холанѓанецот потоа реши среќата да ја побара на „Местаља“, но поради честите повреди немаше континуитет, па остана и без своето место во холандската репрезентација.
По три сезони во Валенсија реши да се врати онаму каде што ја започна кариерата.
НЕК за трансферот на Силесен на Валенсија и плати 1.000.000 евра.