Фудбалерите на Реал ја совладаа Алмерија по големиот пресврт, од 0:2 до 3:2, со голот на Карвахал во 99. минута.
Натпреварот обилуваше со спорни ситуации, а впечатокот е дека главниот судија и судијата в ВАР собата буквално ја ограбија Алмерија.
Спорен е пеналот во 57.минута по кој Белингме намали на 1:2, а приказна за себе е голот на Винисиус за 2:2.
Бразилецот постгна гол со рака, но дури ни ВАР не го потврди очигледното, дека Бразилецот на нерегуларен начин постигнал гол.
Real Madrid fans, any explanation to this?
pic.twitter.com/BraLeyjtex— Precious Jeremiah 💙❤️ (@Precious_jr21) January 21, 2024
Без „влакна на јазикот“ и страв дека ќе биде казнет, по натпреварот играчот од средниот ред на Алмерија, Гонзало Мелеро рече: „Заминуваме со чувство дека ни е украдена победата. Пенал за Реал, нивниот гол со рака, нашиот гол поништен поради нормална борба за топката… Сакаме да бидеме најдобрата лига во светот, но далеку сме светлосни години од тоа. Едноставно нема шанси да го прифатам ова денес“.
Дефанзивецот Марк Пубил додаде: „Тимот одигра одличен натпревар, водевме и верувам дека некој одлучи дека не можеме да победиме денес. Затоа натпреварот заврши како што заврши“.