По неполн месец од неговиот отказ од Арсенал, Унаи Емери веќе има понуда да стане тренер на Монако, тврдат француските извори.
Прв човек на Монако повторно е Леонардо Жардим по неуспешниот обид да го „кренат“ клубот од кнежевството со Тјери Анри, но не е тајна дека амбициите на клубот во руска сопственост се поголеми и тие веќе разговарале со Марселино, поранешниот тренер на Валенсија, како и со Лорен Блан.
Според „Ле 10 спорт“, 48-годишниот Емери е блиску до враќање во француската Лига 1, каде што од 2016 до 2018 година работеше со Пари Сен-Жермен, пред да биде заменет со сегашниот тренер, Германецот Томас Тухел.
Le 10 Sport: #Monaco have made contact with Unai Emery over their head coach position.
Current boss Leonardo Jardim is on the hot seat and Emery, who was recently sacked by Arsenal, is one of the club's preferred candidates to take over.#Ligue1 pic.twitter.com/L6JEGJ7tWC
— Football Tracker (@footbatracker) December 24, 2019