Top Sport

Тодоров ќе биде промовиран во нов селектор

Кошаркарската репрезентација на македонија денес официјално ќе го добие новиот селектор. Точно на пладне, на прес-конференција, Федерацијата ќе ја официјализира соработката со поранешниот тренер на МЗТ, Александар Тодоров. 46 годишниот шеф на струката на ромскиот клуб Крајова ќе биде 14 селектор на Македонија.

Александар Тодоров на клупата на Македонија доаѓа на местото на Јорданчо Давитков. Негова главна цел ќе биде успешно да ги мине квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Тодоров ќе биде 14 селектор во историјата на репрезентацијата по Александар Књазев, Стерија Андоновски, Благоја Георгиевски, Лазар Лечиќ, Јовица Арсиќ, Марин Докузовски, Алеш Пипан, Драган Раца, Заре Марковски, Александар Џикиќ и Јорданчо Давитков.

Scroll to Top