Top Sport

Нема да е долго без работа – Монако го сакаат Емери!

По неполн месец од неговиот отказ од Арсенал, Унаи Емери веќе има понуда да стане тренер на Монако, тврдат француските извори.

Прв човек на Монако повторно е Леонардо Жардим по неуспешниот обид да го „кренат“ клубот од кнежевството со Тјери Анри, но не е тајна дека амбициите на клубот во руска сопственост се поголеми и тие веќе разговарале со Марселино, поранешниот тренер на Валенсија, како и со Лорен  Блан.

Според „Ле 10 спорт“, 48-годишниот Емери е блиску до враќање во француската Лига 1, каде што од 2016 до 2018 година работеше со Пари Сен-Жермен, пред да биде заменет со сегашниот тренер, Германецот Томас Тухел.

Scroll to Top