Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е ослободен од сите обвинувања од страна на Фудбалската асоцијација (ФА) за конфликтот со Габриел Магаљаеш при 2:3 поразот од Арсенал.
ФА официјално отвори истрага за ситуацијата која се случи во финишот на мечот на „Емирати“ на 9 октомври, кога Габриел реагираше на наводен расистички коментар од Хендерсон, нешто што судијата Мајкл Оливер го запиша во својот записник. ФА ги испитала двајцата фудбалери, како и уште шест фудбалери кои биле блиску до инцидентот, биле разгледани видео-снимките, а бил најден и читач на усни.
„Ниту еден од сведоците не го чул навониот коментар, а обвинетиот фудбалер постојано демантираше дека го кжал тоа. ФА е целосно задоволна од исходот на инцидентот“, се вели во објавата на ФА.
ФА ќе ангажира читач на усни за да се открие што му кажал Хендерсон на Габриел