Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку нема да биде казнет од англиската Фудбалска асоцијација (ФА) за ударот со нога кон дефанзивецот на Брајтон, Гаетан Бонг.
Инцидентот се случи при 1:0 победата на Јунајтед, кога Лукаку двапати се обиде да го „шутне“ Бонг моменти пред неговиот тим да поведе преку автоголот на Луис Данк.
Судијата Нил Сварбик не го виде инцидентот, и тој не беше запишан во извештајот до ФА, но тричлената комисија на ФА од поранешни судии не успеаја едногласно да одлучат дека инцидентот е вреден црвен картон.
Ова значи дека Лукаку, кој има 12 гола во 20 меча оваа сезона, ќе биде во тимот за клучните дуели со Арсенал и Манчестер сити.