Чешкиот клуб Спарта Прага нема да биде казнет од УЕФА за наводното расистичко навивање на нивните млади навивачи кон финскиот фудбалер Глен Камара на мечот против Глазгов Ренџерс во Лига Европа поради „недостаток на докази“.
„Истрагата заклучи дека нема доволно докази за расизам или дискриминирачко однесување за дисциплинска постапка против Спарта Прага“, објави УЕФА.
Ренџерс бараа казна за чешкиот клуб по 1:0 поразот откако Камара беше постојано исвиркуван пред да излезе од игра во 75. миута по вториот жолт картон. На трибините на стадионот имаше само 10.000 деца, бидејќи Спарта претходно беше казнета за расистичките навреди кон Орелиен Чуамени од Монако на мечот во август.
Инцидентот доаѓа неколку месеци откако дефанзивецот на Славија Прага, Ондреј Кудела доби суспензија од 10 меча за расистичките навреди кон Камара на меч од Лига Европа минатата сезона.
Спарта Прага одговори на обвинувањата за расизам: Доста ги напаѓате нашите деца