Top Sport

Мекинро: Федерер е како 65-годишен пензионер

Победата на Хуберт Хуркач во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс значи дека Роџер Федерер испадна од топ 10 првпат од 2017 година, откако оваа сезона одигра само 13 мечеви, од кои последниот му е поразот во четврт-финалето на Вимблдон, и тоа токму од Хуркач.

40-годишниот 20-кратен гренд слем шампион неодамна потврди дека по третпат бил на операција на десното колено во последните година и пол и Џон Мекинро, американската тениска легенда вели дека треба да бидеме реални.

„Да бидеме јасни, да имаш 40 години во тенисот е како да имаш 65 години во било која друга работа. Знам дека Роџер знае што да направи за да ја заврши кариерата на совршен начин“, вели Мекинро.

Scroll to Top