Англискиот премиерлигаш Челси се наоѓа во огромни проблеми поради санкциите што Велика Британија му ги воведе на Роман Абрамович, но не беше поштеден и клубот од „Стемфорд бриџ“. Челси нема да може да продава билети за натпреварите, нема да работат фан-шоповите, а клубот нема да може да потпишува и нови договори со фудбалерите.
Сега доаѓа и нов голем проблем, откако главниот спонзор на Челси, „Три“, побара раскин на соработката.
Официјалниот спонзор кој на Челси му даваше 40 милиони евра годишно побарал раскинување на соработката. Нивното барање е итно да се отстрани логото од дресовите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.