Top Sport

Нема кривична пријава за Кајл Вокер по „егзбиционизмот“ во ноќниот бар

Дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер нема да добие кривична пријава откако го покажал пенисот на една жена во бар во Вилмслоу, и ќе биде казнет со вон-судска одлука.

По вестите објавени во таблоидот „Сан“, полицијата во Чешајр поврди дека има истрага за „видео кое циркулира на социјалните мрежи“ на кое англискиот репрезентативец го покажува пенисот и се обидува да бакне една жена. Но, по истрагата, тие решија да не поведат кривична пријава и му одредија вон-судска одлука, која нема да биде дел од кривичното досие на фудбалерот.

32-годишниот Вокер е оженет повеќе години со Ен Килнер.

Scroll to Top