Top Sport

Нема откажување на Суперкласико и покрај дождот! Бока и Ривер ќе играат вечерва

Вечниот аргентински дуел меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс, овојпат во финалето на Копа Либертадорес ќе се одржи вечерва и покрај силниот дожд околу „Ла Бомбонера“, стадионот на Бока.

Супервизорот на првиот меч од финалето на јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампионите, Фернандо Хаурегуи инсистира дека мечот ќе се одржи и покрај опасноста од бура.

„Не се грижете, теренот е во добра состојба. Ќе биде малку тешко за фудбалерите и за гледачите, но нема откажување“, изјави Хаурегуи.

Вечерниот меч (почеток во 21.00 часот по македонско време), ќе биде еден од најважните дуели во историјата на Суперкласико. Двата гиганти од Буенос Аирес првпат играат еден против друг во финалето на Копа Либертадорес, во два меча, настан кој ја парализираше аргентинската престолнина и пред да почне мечот.

Бока го совлада Палмеираш од Бразил со 4:2 вкупен резултат, додека Ривер во драматичен меч ги елиминираше носителите на титулата, Гремио со подобра-гол разлика.

Scroll to Top