Top Sport

Лестер не успеа да победи во емотивниот меч на „Кинг пауер“ (галерија+видео)

Првиот домашен меч на Лестер сити по трагичната смрт на нивниот претседател Вичаи Шриваданапрада, за жал не помина со победа на „лисиците“, кои одиграа само 0:0 со Барнли, иако фудбалот беше во втор план во градот оваа сабота.

Шриваданапрада загина во хеликоптерска несреќа заедно со уште четири луѓе, но фановите никогаш нема да го заборават. Илјадници навивачи прво организираа „марш 5000-1“ низ улиците на градот (според шансите кои англиските обложувалници им ги даваа за титулата во 2016 година), по што сите на теренот му одадоа почит на човекот кој го трансформираше клубот.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 12.КОЛО

Кардиф – Брајтон 2:1

Хадерсфилд – Вест хем 1:1

Лестер – Барнли 0:0

Њукасл – Бурнемаут 2:1

Саутемптон – Ватфорд 1:1



Scroll to Top