Холандскиот судија Дани Макели, донесе погрешна одлука во клучните моменти, во полу-финалниот натпревар помеѓу Англија и Данска.
Макели во 104 минута, падот на Стерлинг го виде како пенал. Судијата се консултираше со колегите во ВАР собата, но не побара да ја види снимката, туку остана при својата одлука.
Дилемата дали беше или не ќе стои вечно. Славниот тренер Арсен Венгер, смета дека Данска е оштетена.
„Немаше пенал. Не ми е јасно зошто не побараа од судијата да ја погледне снимката. Во вакви моменти многу е важно судиите да биат сигурни во својата одлука. Во овој случај ситуацијата не беше јасна. ВАР го изневери судијата“, рекол Венгер гостувајќи во студиото на „beIN Sport“.