Top Sport

„Нема преговори за Погба, цената е 200 милиони евра“

Пол Погба може да си оди од Манчестер Јунајтед само за сума поголема од 200 милиони евра. Францускиот ас има договор до 30.јуни 2021 година, а клубот има опција истиот автоматски да го продолжи за уште една година.

Медиумите шпекулираат дека Зинедин Зидан ќе тргне по својот сонародник во летниот преоден рок. Во прилог на ова оди и неодамнешната изјава на Погба дека „секој играч сонувал да игра за Реал“.

На „Олд Трафорд“ би го продале Погба, но само за сума која би била двојно поголема од онаа што тие им ја платија на Јувентус.

Познавачите на приликите во Јунајтед велат дека со ова од клубот сакаат да избегнат секакви мачни преговори во кој би бил вклучен менаџерот на Погба, Мино Рајола.

Сумата која ја бараат во англискиот клуб е преголема и за Реал, иако Здан ќе добие околу 300 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок.

Scroll to Top