Реал Сосиедад со гол од пенал го победија второлигашот Мирандес со 1:0 и се пласираа во финалето на Кралскиот куп, откако од првиот меч имаа 2:1 предност.
Мирандес беше сензација во Копа дел реј, елиминирајќи три прволигаши на патот до полуфиналето, но овојпат не успеаја да го совладаат баскискиот клуб и да играат за титула.
Мечот беше одлучен во 41. минута, кога беше досуден пенал, а Микел Ојарзабал не згреши од белата точка.
Во финалето, клубот од Сан Себастијан ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Гранада и Атлетик Билбао, кои играат утре. Во првиот меч, Атлетик славеше со 1:0.