Top Sport

Нема шанси Роналдо да се врати во Реал

Кристијано Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид, објави „АС“. Роналдо минатата недела го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен играч во потрага по нов клуб.

„Враќањето на Роналдо не е на дневен ред, во клубот воопшто не размислуваат на таа тема. Реал не уверува дека треба да уживаме во спомените од периодот на Роналдо и дека неговото доаѓање не би имало смисла во спортски проект“, пишува „АС“.

Роналдо беше поврзуван со Реал, клубот за кој настапуваше од 2009 до 2018 година и постигна 450 гола, откако Карим Бензема се повреди, но францускиот напаѓач би требало да биде подготвен за вториот дел од сезоната. Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Њукасл, а сериозен интерес покажува и Интер Мајами.

Scroll to Top